Макрон на скутер и јахта за време на одморот со сопругата

Францускиот претседател Емануел Макрон во моментов летува со семејството на југот на Франција, каде ужива во друштвото на неговата сопруга Брижит, нејзината ќерка, зетот и внуката.

Тие се одмараат недалеку од островот Поркерол, а на фотографиите и видеата се гледа како Макрон вози скутер и се дружи со семејството на јахта.

Вниманието на медиумите го привлекоа и сопругата на Макрон, Брижит и нејзината ќерка кои уживаат во костуми за капење.

Островот Поркерол е познат по прекрасните плажи и заливи и на него живеат околу 200 луѓе.

Back to top button
Close