Макрон предложи коалицијата што се бори против терористичката ИД да се бори и против Хамас

Францускиот претседател Емануел Макрон предложи постоечката меѓународна коалиција, која се бори против терористичката „Исламска држава“ во Ирак и Сирија, да се прошири и на борбата против Хамас во Газа.

Макрон ова им го кажа на новинарите на кои им се обрати заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим.

 

Францускиот претседател порача дека меѓународната заедница мора да избегне ескалација на конфликтот во регионот, пренесува Гардијан.

 

Тој посебно ги повика Хезболах и Иран да се однесуваат одговорно и да не се мешаат.

Макрон рече дека Израел и Франција ја споделуваат истата тага и повторно повика на ослободување на сите заложници што ги држи Хамас во Газа.

Тој посочи дека тероризмот е заеднички непријател на Израел и Франција и нагласи дека против тероризмот мора да се бори без милост, но согласно правилата

Back to top button
Close