Макрон пристигна во Израел – се очекува да повика на заштита на цивилите во Газа

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска допатува во Тел Авив, јавија британските меидуми.

Тој во Израел ќе се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху, израелскиот претседател Исак Херцог и со опозициските лидери од политичкиот центар Бени Ганц и Јаир Лапид.

Францускиот претседател се очекува да повика на „заштита на цивилите“ во Газа, додека Израел продолжува да бомбардира цели на Хамас во палестинската енклава и се подготвува за копнена офанзива чија цел е уништување на милитантната група која владее во областа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно објави дека францускиот претседател Емануел Макрон и холандскиот премиер Марк Руте неделава ќе го посетат Израел.

Back to top button
Close