Макрон телефонски разговарал со иранскиот претседател Пезешкијан, побарал дипломатско решение, се договориле да останат во контакт

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва објави дека телефонски разговарал со својот ирански колега, Масуд Пезешкијан, и го повикал Иран да ги запре нападите врз други земји во регионот и да го отвори Ормускиот теснец.
„Разговарав со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.
Го информирав дека безбедноста и враќањето на Сесил Колер и Жак Париз во Франција, кои моментално се наоѓаат во просториите на француската амбасада, остануваат апсолутен приоритет за нас.
Ја нагласив потребата Иран веднаш да ги прекине нападите врз земјите во регионот.
Иран, исто така, мора да гарантира слобода на пловидба со ставање крај на затворањето на Ормутскиот теснец.
За крај, ја повторив нашата длабока загриженост во врска со развојот на нуклеарните и балистичките програми на Иран и целокупните негови дестабилизирачки активности во регионот, кои се во коренот на сегашната криза.
Дипломатското решение е најпотребно за да справување со овие предизвици, да се стави крај на ескалацијата и да се зачува мирот.
Се согласивме да останеме во контакт“, објави Макрон детали од разговорот со иранскиор претседател.
Сесил Колер и Жак Париз се двајца француски државјани кои беа уапсени во Иран во мај 2022 година и држени во притвор повеќе од три години.
Иран ги обвини за шпионажа, што Франција отсекогаш го отфрлаше како целосно лажен наратив. Тие беа осудени на 20 години (Колер) и 17 години (Париз) затвор.
Од затвор беа ослободени на 4 ноември 2025 година, но не им беше дозволено да се вратат во Франција. Наместо тоа, тие беа ставени под заштита во француската амбасада во Техеран, но не можат да го напуштат Иран.

На социјалната мрежа Х, Макрон напиша дека е потребно дипломатско решение за да се стави крај на конфликтот.
Францускиот претседател разговарал и со емирот на Катар и со претседателите на Египет и Азербејџан.
Со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани разговарале за „одбранбената воена поддршка, особено во воздушниот сектор, што Франција моментално ја организира во регионот, во корист на Катар“, преку своите бази во неколку земји во регионот.
– Катар и Франција го делат истото верување: трајна стабилност за сите мора да се постигне преку деескалација и преговори, истакнал Макрон.
Со египетскиот претседател Абдел Фатах Ал-Сиси, францускиот претседател се согласил „за важноста на обезбедувањето на поморскиот транспорт во Црвеното Море што е можно побрзо“, клучна област за глобалната трговија, особено за енергијата.
Во разговорт со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, оак, Макрон ја изразил поддршката и солидарноста на Франција „по иранските напади насочени кон неговата земја“.






