Макрон: Турција игра опасна игра во Либија

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја обвини Турција дека  игра „опасна игра” во Либија, каде Анкара јавно ја поддржува Владата на националниот договор, која е поддржана од ОН, а е во конфликт со бунтовничките сили на генералот Калифа Хафтар, јавија француските медиуми.

-Денеска верувам дека Турција игра опасна игра во Либија и ги прекршува сите обврски што таа ги презеде на Берлинската конференција претходно годинава за постигнување на мирот во оваа земја, рече Макрон, откако се сретна со тунискиот претседател Каис Сајед.

Back to top button
Close