Макстил ги цени и вреднува своите вработени – обезбедено приватно здравствено осигурување, зголемување на платите и исплатен регрес за годишен одмор

Во функција на континуирана поддршка на клучниот фактор во развојот на компанијата, Одборот на директори на Макстил донесе одлука за зголемување на платите на сите вработени како и дополнителни бенефиции.

Ваквата одлука Макстил ја донесе со цел да делува во насока на подобрување на животниот стандард на вработените во услови кога трошоците за живот и цените на мало секојдневно се зголемуваат. Макстил зголемувањето на платите го реализира почнувајќи од месец јуни, кога е извршена и исплатата на регресот за годишен одмор во висина од 33.900 денари. Како надградба на пакетот со бенефиции компанијата склучи договор со осигурителна компанија за дополнително приватно здравствено осигурување на сите свои вработени.

Со овој чекор, како што велат од компанијата уште еднаш се потврдува цврстата определба дека главен приоритет се вработените како најважен ресурс, кој е од витално значење за целокупната деловна активност на компанијата, нивното здравје и благосостојба.

 

 

Back to top button
Close