Макстил: На повредениот работник веднаш му е пружена прва помош и е пренесен во ургентниот центар на универзитетската клиника за понатамошен третман. Истиот е вон животна опасност.
Соопштение на Макстил:
Макстил АД информира дека во текот на редовното работење во трета смена во погонот Челичарница е настанат инцидент при што е повреден еден вработен. На вработениот веднаш му е пружена прва помош и истиот е пренесен во ургентниот центар на универзитетската клиника за понатамошен третман.
Истиот е вон животна опасност. Случајот е пријавен во надлежните институции чии екипи излегоа веднаш на самото место на настанот. Макстил АД по итна постапка формираше комисија за детална интерна истрага за утврдување на околностите под кои настанал инцидентот и повредата, како и за одговорноста за истите. Јавноста ќе биде навремено информирана со повеќе информации и детали во моментот кога тие ќе бидат достапни.