Максути од ДЗС за НоваТВ: Трите ертрактори или специјалните летала за гасење пожари не се сервисирани ни лани ни оваа година

На прашањето на НоваТВ, зошто се изгубило толку време за избор на некој од шесте оператори колку што се вкупно во Европа, за сервисирање на овие летала, Максути изјави дека забавеноста се должи на тоа што некои од нив повеќекратно ја зголемиле цената за услугата дури за 40% па истата стигнала до околу милион евра за трите ертрактори. Сето ова како и жалбената постапка но и организирањето на јавната набавка, го одолговлечија процесот, вели Максути.

ДЗС вечерва во Кочани испратила 25 луѓе а утре очекуваат овој број да се зголеми на околу 300, истовремено Максути информира дека се мобилизирале луѓе од Гостивар, Тетово и Скопје и утре рано ќе заминеле за Кочани.

Back to top button
Close