Мала е земјата и сите се познаваме и среќаваме насекаде. Мојсовска за фотографијата што ја злоупотреби Лукровски

По серијата настапи и објави на кандидатот за градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски, во кои се обидува да се прикаже како „граѓански кандидат“ со поддршка и од културни личности, познатата докторка Маја Мојсова реагираше со објава во која се огради од неговата кампања.

Во нејзината порака, објавена на социјалните мрежи, Мојсова напиша:

„Од што сме отруени со негативна енергија и препукување сите забораваат на основните цивилизациски и демократски принципи. Мала е земјата и сите се познаваме и среќаваме насекаде… Не е лошо да се потсетиме на домашно воспитување.“

Пораката, иако формално не спомнува име, доаѓа само ден по фотографиите и објавите на Лукровски, кој преку медиумите и социјалните мрежи се обидуваше да создаде впечаток дека има блискост и поддршка од личности од културниот и медицинскиот свет.

Според извори блиски до јавните личности кои Лукровски ги користи во своите објави, повеќето од нив воопшто не биле известени дека нивното присуство или фотографија ќе биде употребена во партиска кампања.

Со својата објава, Маја Мојсова недвосмислено испрати порака дека културата, пристојноста и почитта не треба да се злоупотребуваат за политички поени и дека „домашното воспитување“ не подразбира фотографирање со политичари за дневни цели.

Голем број реакции во јавноста по објавата на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Карпош, Сотир Лукровски, со неговата противкандидатка од првиот круг од редовите на СДСМ, Маја Мојсова. Се шират шпекулации дека СДСМ в недела на вториот круг од локалните избори ќе го поддржи Лукровски кој за противкандидат го има Стевче Јакимовски. СДСМ на тоа реагираше многу остро, отфрлајќи ги наводите од објавата и шпекулациите што се појавија во јавноста.

Back to top button
Close