Малата Валерија: Сакам само да бидам среќна, а мама нема пари ниту за ужинка да ни даде за во училиште!

И децата на Цветанка живеат тежок период. Наместо да уживаат во детството, малата Валерија низ солзи раскажа дека нема ништо и дека и другарчињата ја исмеваат. И јас сакам да бидам како моите другарчиња-ни рече низ солзи. Сакам да имам и мобилен и компјутер, и детска соба, и убава облека. Сакам да бидам среќна, а мама нема пари ниту за ужинка да ни даде за на училиште.“

Болно е кога плаче возрасен, но, нема потажно од детски очи преполни со солзи, кои наместо да се радуваат и веселат на животот, тие се тажни и неизвесни дали утре ќе видат храна.

Мајчините раце ја кријат жртвата што таа ја прави за своите деца. Цветанка Нејкова таа жртва ја дава преку веќе изморените и огрубени раце, но и предвреме остарениот лик. Само да им понуди поубав живот на своите деца, таа посака да го стави своето срце на дланка.

„Порано беше подобро, но, откако се омажив во Демир Капија на седумнаесет години, животот ми стана пекол. Морав и покрај куќата која лично ја направив таму, еден ден да ги спакувам куферите и да заминам со синчето. Зошто подобро е ужасен крај, отколку ужасот да нема крај.“ Вака ја започна својата приказна оваа напатена жена.

целиот текст на приказна.мк 

Back to top button
Close