Мали избори четвртфинале на Африканскиот куп на нации

 Мали го победи Тунис во осминафиналето на Африканскиот куп на нации со 3:2 на пенали. Натпреварот се одигра синоќа во Казабланка.

Тунис поведе во 88. минута благодарение на голот на Фирас Чауат. Во шестата минута од дополнителното време, Мали израмни со пенал од Ласина Синајоко.

Мали играше со десет играчи од 26. минута, бидејќи дефанзивецот Војо Кулибали доби црвен картон.

Во четвртфиналето, Мали ќе се соочи со Сенегал, кој претходно го победи Судан со 3:1. Натпреварот ќе се одржи на 9 јануари во Тангер

Back to top button
Close