МАЛКУ Е, ВИ ТРЕБА УШТЕ ПОВЕЌЕ

м-р. Глигор Стоименов
“Малку е, треба уште повеќе да Ви го покачат горивото, ги гласавте, абе 500 илјади гласа и дадовте на онаа горе на Водно“!!
Вака некако одеше муабетот меѓу двајца мои поранешни соседи, тука некаде на клупите кај поранешната сендвичара “Чичко Стоилко“, до Триумфална порта. Во ништо не се согласија двајцата, секако имаат различна перцепција околу тоа кој е виновен за целокупната ситуација во земјата??
Јас не мислам дека “таа горе на Водно“, односно претседателката, онаа која ја спомнува соседот има некаква врска со цените на нафтата, нејзе одамна никој за ништо не ја прашува, таму околу нејзе се е “апстрактно“, исто како и нашиот пат кон Брисел кој според нејзе е апстрактен. Овде проблемот е на друго место и на друга адреса! Тоа е адресата на која огромен број наши граѓани упатија поддршка, па сега некако не можат да се соочат со своите погрешни одлуки, па виновна им е таа горе на Водно!!
Не почитувани, не е проблемот само таму горе, проблемот е кај тие доле, односно кај тој доле покрај Вардар!!
Во овие изминати 35 години независност, покрај сите тешки ситуации и премрежија кои сме ги имале како држава, економски и финансиски кризи, нафтено ембарго, санкции од јужниот сосед, Ковид криза, едноставно во сите овие ситуации сите владејачки гарнитури до сега покажувале некој “човечки лик“ во однос на своите граѓани кога имало некоја криза!! Односно барале начин како да ги ублажат последиците по населението од тие кризи!!
Но да видиме како е денес, поради војната на Блискиот исток и ситуацијата со цените на нафтата!!
Пред некој ден ни “бапнаа“ 15 денари покачување на горивата, (највисоко покачување во регионот), абе око не им трепна!! Аргументот е дека сме имале најниска цена на горивата во регионот!! Да точно е дека имаме најниска цена во регионот ама највисокото процентуално покачување нема врска со тоа што имаме најниска цена, патем веќе десетина години е тоа така, односно имаме најниска цена во регионот!! Ама точно е и тоа дека ние сме најсиромашна држава во регионот, со најниска просечна плата, со најниска минимална плата и со убедливо најмалку странски инвестиции годинава!! Ај да не кажам најмизерни или најсиромашни!! Повторно некој мисли дека Македонците се глупи, (глупави), па може и ваков аргумент да помине!! Но сите помисливме дека тоа е само еден лош ден и наредниот веќе ќе бидат донесени одредени мерки за ублажување на оваа ситуација!! Но што се случи?? Нема мерки, нема ништо, се било под контрола?? Премиерот им рекол на трговците и на претставниците на маркетите да бидат разумни со цените, ете тоа е мерката!! Ама меркааа!!! Уште еднаш ќе кажам, не можам да се присетам во изминативе 35 години дека некој така “сурово“ се однесувал спрема својот народ во една ваква ситуација кога треба да му се помогне!! Не ми беше ништо јасно!! Обично кога не ми е јасно нешто консултирам луѓе, експерти што се разбираат во оваа област!! Кој и да прашам сите ми велат едно исто, абе друже немаат пари во буџет и не можат ниту една мерка да превземат за ублажување на кризата, односно не можат да се откажат од ниту еден денар прилив во буџетот, ете тоа е работата. Инаку се е под контрола, нели??
Да се присетиме како беше во време на ковид кризата??
Спремноста и силата на една влада се огледа и во тоа како реагира за време на кризни ситуации во однос на своите граѓани, односно дали ги остава сами да се грижат за себе или настојува максимално да помогне, односно дали е влада со “човечки лик“. За време на Ковид кризата која беше нешто невидено до тогаш се донесоа еден куп мерки и финансиски пакети за сите погодени слоеви од населението. На сите сектори во стопанството кои беа на било каков начин погодени од кризата им беше помогнато од страна на државата на било каков начин. Државата беше тука за народот кога му е тешко. Се донесе најпосле и солидарниот данок кој беше единствено праведна и добра мерка. Се спроведе “дистрибутивна правда“!! Тоа го прават сите демократски и социјални држави и општества. Се зема од тој што има повеќе и се дава на тојшто нема за да преживее. Тоа го прават државите. Овие од Уставен суд не верувам дека многу разбираат околу поимот на дистрибутивна правда. Им препорачувам да ги погледнат предавањата на професорот од Белградскиот универзитет, проф. Мирољуб Лабус околу поимот на “дистрибутивна правда“ па ќе знаат нешто повеќе и за солидарниот данок и толкувањето околу неговата усогласеност со Уставот.
Почитувани, денес за жал народот е оставен сам на себе да се справува со сите овие кризни ситуации, нема помош од државата, нема од никого. Не се носат никакви мерки од страна на владата. Народот сам се справува со цените во маркетите, со покачувањата, со инфлацијата, со ниските плати, со високите цени на горивата, абе ќе му бапнат може другата недела уште едно покачување од 15 денари и пак ќе си молчат. Ќе му кажат на народот како што веќе слушам, еве и мајтап си прават луѓето, односно дека владата ќе им препорача на граѓаните сами да се договорат со нафтените компании за цената на горивата а владата тоа ќе го прифати, ама нема да се меша никако. Исто како и кај синдикалните барања за минимална плата од 600 евра? На синдикалните барања за минимална плата одговараат замислете со претпоставки, демек што ако им текнало на работниците утре да бараат 800 евра минимална плата, па 1000 евра па така натаму, ете затоа не требало да се покачи минималецот затоа што може утре да им текне повеќе да бараат?? Ама аргумент јеботе!!!
Токму затоа ќе се приклучам кон аргументите на соседот, “абе малку ви е, треба уште повеќе, гласајте ги пак!!!






