Mалолетничка натепана во Карпош, снимката објавена на социјални мрежи
Триесет и деветгодишен жител на село Бардовци пријавил во СВР Скопје дека неговата малолетна ќерка била физички нападната од две други малолетнички на игралиште во скопската општина Карпош.
Според пријавата, инцидентот се случил на 9 октомври околу 13 часот, а нападот бил снимен со мобилен телефон и потоа објавен на социјалните мрежи.
„На 10.10.2025 година во 15:00 часот во СВР Скопје, Д.М. (39) од с. Бардовци, скопско, пријави дека неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички на игралиште на подрачјето на Карпош. Настанот бил снимен и споделен на социјалните мрежи. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.