Малолетничка од Србија, која ја барале преку Интерпол, дошла да се мажи во Велес
Малолетничка од соседна Србија барана со Интерпол, пронајдена во Велес.
Во понеделник околу 22 часот, постапувајќи по барање на Интерпол-Србија за исчезната 15- годишна малолетничка од Република Србија, полициски службеници од СВР Велес ја пронајдоа малолетната девојка во домот на 30-годишната Р. Д. од Велес, информираше портпаролката на СВР Велес Биљана Ѓаковска.
„Во присуство на социјален работник од Центарот за социјални работи Велес, извршен е разговор со малолетничката. Таа кажала дека доброволно е дојдена во Велес, со намера да се омажи со малолетник од Велес“, истакна Ѓаковска.