Малолетник без возачка дозвола прегази пешак во Кисела Вода!

Малолетник без возачка дозвола со мотоцикл удрил во пешак во близина на Клиниката за лечење на зависности во Кисела Вода, потврдија од МВР за Инфомакс.

– Денеска околу 19.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје мотоцикл „Беверли“ без регистарски таблици удрил во пешак. По несреќата пешакот со Итна медицинска помош е пренесен во КЦ-„М.Тереза“, а мотоциклистот го напуштил местото на настанот.

По преземени мерки од полициски службеници, пронајден е мотоциклистот и утврдено е дека е малолетник и го управувал мотоциклот без возачка дозвола. Се работи на расчистување на случајот. – стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Back to top button
Close