Малолетник е тешко повреден во сообраќајка кај Попова Шапка

Тешко поведен е малолетник откако 20-годишен возач со возило излетал од коловоз на патот од Попова Шапка кон Тетово.

„На 18.01.2023 во 00.10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Попова Шапка – Тетово во близина на селото Лисец, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(20) од с.Копаница-скопско, излетало од коловозот. Во несреќата, малолетен сопатник во возилото се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница во Тетово“, соопштија од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Back to top button
Close