Малолетник нападнал полицаец во Шутка, татко му бил агресивен кон службените лица

Уапсен маж од Шуто Оризари кој бил агресивен кон полицајци на должност, додека неговиот малолетен син физички нападнал еден службеник.
– На 30.03.2026 во 16:50 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа М.С.(47) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници, кои извршувале службени дејствија. Додека, неговиот малолетен син физички нападнал полициски службеник, по што побегнал, но подоцна сам се пријавил во полициска станица. Со него е извршен службен разговор во присуство на родител и адвокат, соопштија од МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.






