Малолетник од Тетово уапсен поради кражби во црква и две џамии


Полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишен малолетник од Тетово, кој се сомничи дека во текот на изминатиот месец извршил повеќе кражби во верски објекти.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, малолетникот бил приведен на 5 јули околу 13:20 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово. Според првичните сознанија, тој е осомничен за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ во црквата во селото Брвеница, како и во две џамии на подрачјето на Тетово.

Од МВР велат дека по целосното документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежните органи. Истрагата за околностите и причинетата материјална штета е во тек.

Back to top button
Close