Малолетник од виничкото село Истибања се удави во Брегалница
Малолетно момче на 14-годишна возраст од виничкото село Истибања попладнево се удавило во водите на реката Брегалница.
Според првичните информации, трагичниот настан се случил во атарот на селото Калиманци, каде што момчето отишло на риболов и според искази на роднини влегло во водата.
Полицијата го потврдува трагичниот настан, но не соопштува детали. Потрагата по телото на момчето е во тек.