Малолетник со мопед удри во 47-годишен пешак во скопска Кисела Вода

МВР информира дека синоќа во 23.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Христо Татарчев“ мопед „пијаџио“ со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје удрил во Т.С.(47) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Back to top button
Close