Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи

– Филипче вчера потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, ама тој не му бил партнер во градбата. Со ова, Филипче треба да каже, како тогаш дошол до златна виза за Дубаи, изјави денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во таа насока, го повикуваме Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи.

 

Доколку Филипче навистина бил на работа во Дубаи, договарал работа во некоја болница или што и да има измислено за оваа лага бидејќи веќе ни тој самиот не се сеќава, нема да му биде проблем да ги покаже документите.

 

Но, Филипче не покажува документи – поради тоа што ги нема.

 

Сведоштвото на Тома Аврамски, поранешен соработник на Заев, кој рече дека ја видел 42катницата изградена од Заев, истакна и дека ги видел и становите на Филипче и Заев во Дубаи.

Венко Филипче не одговори дали има или нема стан во Дубаи и дали тоа е причината за добивање на златна виза. Инаку, да потсетиме дека за да се здобиете со златна виза, во Дубаи треба да имате минимум инвестиција од 500.000 долари.

Затоа, Филипче треба да одговори, а не да молчи, дали златната виза е поради влог во Дубаи од минимум 500.000 долари? На кој начин ги има тој заработено овие пари, бидејќи со плата од доктор и пратеник не се стигнува до таа сума?

Филипче да не се крие. Лошото минато создадено од Заев и Филипче треба да остане во минатото.

Back to top button
Close