Манасиевски: Српска ПР агенција ги штанца лажните соопштенија и прес-конференции на СДС, Башановиќ и Заев стојат зад завесите
Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, Зоран Башановиќ, екс советникот на Зоран Заев го води ПР тимот на СДС и Филипче, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред само неколку месеци, по препорака на Зоран Заев, Венко Филипче оди во Ниш, Србија и остварува средба со Милјан Счекич, човек кој сега е задолжен за штанцање на лажните соопштенија и прес-конференции на СДС.
Станува збор за човек кој работи во српската ПР агенција “Ај медија” (Eye Media), а преку Башановиќ и Зоран Заев е понуден да работи за СДС.
Екс советникот на Зоран Заев, Зоран Башановиќ и Милјан Счекич, се сместени во скопскиот хотел Парк, и оттаму го водат центарот за лаги и манипулации на СДС.
Со ова, се открива вистината за фалименто соопштенијата на СДС и многуте честити српски фрази и споредби во нивната комуникација.
Зоран Заев откако го договори Венко Филипче да биде лидер на СДС, му договори и кој да лаже за него.
Сега може да знаете кој е изворот на сите навреди, лаги и манипулации.Во следните денови на прес-конференции ќе ви стане јасно зошто СДС толку многу е опседнато со СНС и со Србија, и кој е Зоран Башановиќ, екс советникот во владата на Зоран Заев.
Прашање: Ваш коментар околу синоќешното апсење на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев, кој е надлежен на таа функција во јуни 2024?
Одговор: Ова е определбата на Владата за борбата против криминалот и корупцијата на дело. Секој кој се огрешил пред законот, без разлика дали од СДС од ВМРО-ДПМНЕ, или било која друга политичка партија, треба да одговара. Сите мора да бидат еднакви спрема законот. Воедно, ја поздравуваме и акцијата на МВР и ова е порака до сите дека со законот нема играње. Дополнително, ние не очекуваме ова да го разберат колегите од СДС затоа што тие се уште една иста криминална банда којашто сака да дојде на власт само за повеќе да краде.






