Манчестер сити сака да ги купи Грилиш и Кејн

Англискиот фудбалски шампион Манчестер сити има големи планови за новата сезона.

Според „Атлетик“, клубот е подготвен да ги ангажира Хари Кејн и Џек Грилиш, доколку Тотенхем и Астон Вила ги ослободат своите најдобри играчи.

Манчестер сити проценува дека вкупната цена на Кејн и Грилиш ќе биде помеѓу 175 и 215 милиони фунти.

Забележано е дека во ова сценарио, трошоците за овие двајца играчи ќе бидат избалансирани со продажба на некои од играчите од актуелниот состав на „граѓаните“.

Back to top button
Close