Манчестер јунајтед загуби на 4 од 8 натпревари на домашен терен, минатата сезона имаше 3 порази на 28 натпревари на „Олд Трафорд“

Манчестер јунајтед синоќа загуби на домашен терен од ПСЖ (1:3) во 5. коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

„Црвените ѓаволи“ загубија 4 од своите 8 натпревари на домашен терен во сите натпреварувања оваа сезона.

За истакнувење е податокот дека Манчестер јунајтед загуби само 3 од своите 28 натпревари на „Олд Трафорд“ минатата сезона.

Манчестер јунајтед, ПСЖ и Лајпциг имаат по 9 бода во Х-групата пред последното коло во Лигата на шампионите.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close