Манчевски негативен на првиот контролен тест за Ковид-19

Министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, на Фејсбук објави дека првиот контролен тест е негативен и доколку негативен биде и вториот, од понеделник се враќа на работа.

-Првиот тест негативен. До сега водам во негативни тестови со 4:0. Да се надеваме на 5:0. Ако и вториот тест од оваа изолација биде негативен во недела, од понеделник назад во акција.

На моите пријатели и колеги кои се позитивни им пожелувам брзо опоравување. Имаа многу слаби симптоми, кои веќе ги немаат и се надевам дека брзо ќе се покажат негативни на тестот. Чувајте се, бидете безбедни и почитувајте ги мерките за лична заштита, напиша Манчевски.

 

Back to top button
Close