Манчевски: Вакви сајбер напади се случувале и ќе се случуваат


Поранешниот министер за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека сајбер нападите како оној врз Фондот за здравство ги има низ целиот свет, но она што е важно е луѓето во институциите да знаат како да се заштитат од потенцијалните закани.

-Она што можам да го кажам е дека вакви работи се случуваат и ќе се случуваат. Она што е поважно е луѓето во институциите да бидат свесни дека се ранливи на вакви напади. Работам во софтверска компанија која работи со здравствени системи во 60 земји. Имавме случај во една западно-европска земја каде беше напад и целосно уништен ИТ системот за вакцинација. Не е проблемот во техниката, колку тоа да сме свесни на кој начин може да бидеме мета и начинот на кои се одвиваат процесите и нивната безбедност, рече Манчевски.

Back to top button
Close