Манчевски: За неколку месеци ќе се реши проблемот со административците што не одат на работа а земаат плата

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на ангажманот на административните работници што  не беа распоредени на работни места, министерот Дамјан Манчевски најави дека согласно со коалицискиот договор за новата Влада е договорен  конкретен краток временски период од само неколку месеци во кои  би се затворило ова прашање. Сите нераспределни лица да тргнат на работа, а доколку  некој одбива тоа да го направи договороте ќе бидат прекинати,  појасни Манчевски, кој на прес-конференцијата се заблагодари на медиумите за соработката во изминатиот период.

Тој е избран за пратеник во новиот сосбраниски состав, а министерската функција во МИОА според предлогот за состав на новата Влада треба да ја врши Јетон Шаќири, кадар на ДУИ.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close