Манчини добива шанса да ѝ се одмазди на Македонија
Италијанскиот селектор Роберто Манчини ќе добие шанса да ѝ се одмазди на репрезентацијата на Северна Македонија која во март годинава ја победи Италија во полуфинален меч од борбата за пласман на Светското првенство што наредниот месец треба да се одржи во Катар.

Македонската и италијанската репрезентација се две од вкупно петте репрезентации кои во квалификациската група Ц ќе се борат за пласман на Европското фудбалско првенство во 2024 година во Германија.
Извлекувањето се одржа денеска во Франкфурт при што во групата Ц се паднаа:
Северна Македонија;
Италија;
Англија;
Украина;
Малта.
Во првичните реакции од селекторите на репрезентациите, Манчини рече дека е задоволен, но и се потсети што се случи при последната средба на неговата со нашата репрезентација во Палермо при што рече дека Северна Македонија е најтешкиот противник што можеле да го добијат во споредба со останатите репрезентации кои беа со нас во четвртиот шешир.
„Тоа е еден од оние натпревари што ги добивате одново и одново, а како што видовме во Палермо, мораме сериозно да го сфатиме секој натпревар дури и оние што изгледаат наједонставни“ изјави Манчини за италијанските медиуми.






