Манчини ги именуваше своите омилени тренери и играчи

Селекторот на Италија, Роберто Манчини ги прогласи своите омилени играчи и тренери од неговата кариера како фудбалер.

На трето место меѓу тренерите го стави Тарцисио Бурник, кој му овозможи да дебитира во Серија „А“ со Болоња.

– Тој имаше храброст да ме пушти на 16 години, изјави Манчини за Раи Уно.

Втор според него е Вујадин Бошков.

– Тоа беше одлично искуство и ме направи шампион со Сампдорија, посочи Италијанецот.

На првата позиција, можеби малку изненадувачки, е Свен-Горан Ериксон.

-Тој беше како брат за мене. Сите тие се различни тренери и научив многу од нив, изјави слекторот на „азурите“.

Во однос на играчите тој ги рангираше вака: „Трет е Роналдо, кој беше феномен, јас играв со него. На второ место е Џанлука Вијали, мојот брат. Секако, Диего Армандо Марадона мора да дојде на прво место“.

Back to top button
Close