Манчини: Жал ми е за Англија

Селекторот на италијанската репрезентација, Роберто Манчини, по победата во финалето на ЕВРО 2020, го истакна силниот настап на Британците на турнирот.

– Невозможно беше да се замисли дека сето ова е можно во одредени моменти. Но, моите фудбалери се покажаа како прекрасни. Немам зборови да го опишам сето ова. Ова е прекрасен тим. Зад тежок натпревар, кој стана уште потежок поради брз примен гол. Но, освен самиот почетен сегмент, ние денес доминиравме на теренот. Пенали бараат малку среќа. Жал ми е за Англија бидејќи и тие имаа прекрасен турнир. Мислам дека ќе продолжат да напредуваат. Ние сме многу среќни – изјави Манчини.

Италијанската репрезентација по втор пат стана европски шампион. Првиот пат трофејот го освоија во 1968 година.

Воедно Италија по четврти пат играше во финалето на ЕП, во 2000 и 2012 загубија, а еднаш беа трети (на ЕП 1988).

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close