Манев: Купивме спреј WD 40 за да бришеме траги во куќата на Жежовски
Денеска во Основниот кривичен суд продолжува судењето на еден од обвинетите во убиствата на Вања и Панче, Велибор Манев.
Тој денеска кажа дека купиле спреј WD40 и ракавици, па со обвинетиот Боре отишле во куќата на убиениот Панче Жежовски каде сакале да бришат евентуални траги
„Неколку дена подоцна купивме WD 40 спреј и ракавици. Јас и Боре отидовме во куќата на Панче Жежовски сакавме да бришеме евентуално ако има траги. Но не можевме да ја отвориме вратата“, вели Манев.
Како што додава, тие користеле радио станици, наместо телефони.
„Ние користевме постојано радио станици, телефони не носевме со нас. Но Палчо имаше телефон со кој го сликаше девојчето. Бројот не го знам од тој телефон, но гледав дека постојано го криеше и не се јавуваше од тој телефон, за да не бил во контакт со нашите телефони“, вели Манев. (4news)