Манипулации, лаги и незнаење, вели Мицкоски за интервјуто на премиерот за МИА

Основата на димензионирањето на овој буџет е инфлацијата. Тие велат, имаме зголемени буџетски приходи поради зголемената инфлација, и таа ја проектираат на ниво од 7,1 отсто. Тоа значи дека сиромашните граѓани дополнително ќе ги осиромашуваат преку даноци и тие даноци ќе ги прибираат за нетранспарентно трошење на буџетот“, оцени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Буџетот на државата не е развоен, туку инфлаторен, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Велес, во одговор на новинарско прашање да даде коментар за интервјуто на премиерот Димитар Ковачевски за МИА.

– Би сакал да кажам три поенти. Првата поента е кога вели дека ова е развоен буџет, не е развоен буџет туку е инфлаторен. Зошто инфлаторен? Затоа што основата на неговото димензионирање е инфлацијата. Тие велат имаме зголемени буџетски приходи поради зголемена инфлација, и таа ја проектираат на ниво од 7,1 отсто. Тоа значи дека сиромашните граѓани дополнително ќе ги осиромашуваат преку даноци и тие даноци ќе ги прибираат за нетранспарентно трошење на буџетот – рече Мицкоски.

Тој посочи дека власта не организира отворени денови за граѓаните да видат каде ќе се трошат парите од Буџетот

Ковачевски вели дека растот на Бруто домашниот производ ќе достигне стапка од 5 отсто. А истата таа влада, истото тоа министерство, вели дека следната година ќе имаме раст од 2,9 отсто. Значи, огромна е грешката.  Ако премиерот вели 5 отсто, а Министерството за финансии вели 2,9 отсто грешката помеѓу едниот и другиот орган е некаде околу повеќе од неколку стотици милиони евра – оцени тој.

Според него, не се точни информациите и во врска со трансфер дотациите кон општините, што треба да следат.

– Се сѐ прави само да спречи развојот на општините каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Не им се овозможува за првпат историски општински обврзници, задолжувања преку банките како што е случајот во Гевгелија и во Радовиш. Така што повторно уште една лага, уште една манипулација или незнаење на Димитар Ковачевски, што е навистина катастрофално , оцени Мицкоски.

Според него, справувањето со енергетската криза се одвива, како што вели, преку тендери во четири очи за набавка и транспорт на јаглен, набавка на мазут и како што вели „херојско” авансно плаќање на фактурите.

Back to top button
Close