МАНУ и Украина

Со сета должна почит кон македонските академици, тие немаат поим, немаат елементарно знаење за политиката, домашната и меѓународната. Експерти во своите области,тие го немаат нужното образование, особено за опасната сфера – меѓународната политика. Зашто да имаа ќе знаева дека македонската држава ги должи сите свои успеси на политиката на компромис и мирно решавање на споровите. 

Вчера се воздржав да реагирам на говорите на македонските академици со мое објаснување што всушност значи меѓународната политика. И добро сторив. Веќе денес, не е потребно никакво објаснување. Треба само да се следат вестите за руската инвазиjа на Украина и да се разбере се. Анархичната природа на меѓународното општество на држави со кревките меѓународни правила ја прават силата одлучувачки фактор во решавањето на конфликтите. Зад силата стојат интересите а примарниот интерес на секоја земја е безбедноста. Згора на тоа зад секоја сила стојат вредности, па не е сеедно кој и за што ја употребува . Силата одлучува кога ќе пропаднат обидите на мирен начин да се разреши внатрешен или надворешен конфликт на една држава. Сега е време за солидарност со Украина и за осуда на постапките на рускиот автократ Путин да потчини на својата воља една суверена држава. Но, една смирена анализа во некое идно време ќе покаже дека Украинците немале талент за компромис кога се работи за внатрешното уредување на земјата и внимателност кон моќниот сосед Русија. Сигурно не колку Финците, на пример, кои со својата политика на прилагодување живеат со децении во мир во сенката на воениот колос на своите граници.

Со сета должна почит кон македонските академици, тие немаат поим, немаат елементарно знаење за политиката, домашната и меѓународната. Експерти во своите области,тие го немаат нужното образование, особено за опасната сфера – меѓународната политика. Зашто да имаа ќе знаева дека македонската држава ги должи сите свои успеси на политиката на компромис и мирно решавање на споровите.  Конечно, задачата на политиката на една мала земја во меѓународното општество на држави е да опстане. Тоа е мерката за успех во светската политика. Од војните во Југославија до денешен ден се редат серија сјајни успеси на тој план. Се разбира, работите можеа и побргу и подобро да се апсолвираат, но мирот беше сочуван а државата и нацијата се промовираа на меѓународната сцена. Една од најмалите нации во Европа има своја држава која триесет години успева да го сочува домашниот и меѓународниот мир . Македонските граѓани не ги искусија стравотиите на меѓуетничките војни во федерацијата ниту предизвикаа инвазија на помоќен сосед. За една држава од наш калибар, тоа е огромен успех.  Во сите тие фази на прилагодување на реалностите на еден свет во промени, имаше жестоки критичари за направените компромиси од страна на оние кои јаваа на брановите на емоциите на „понижениот“ народ а против оние кои храбро се соочуваа со реалностите на политиката и правеа обиди да се најде решение. Некни го слушнавме говорот на Путин за понижениот руски народ и држава од страна на една „измислена“ нација и држава. Вчера слушнавме уште една националистичка салва од МАНУ за понижениот македонски народ и за погрешните политики на македонската држава. Денес слушаме салви на руските топови и ракети кои паѓаат врз една независна и суверена европска држава по цена на светска војна ако треба. Секој национализам е само чекор до војна.

Денко Малески

 

 

Back to top button
Close