Мареска: Трансфер гласините имаат негативно влијание врз нашиот тим
Премногу се зборува во медиумите за трансфери во англискиот фудбалски клуб Челси, а тоа негативно се одразува на формата на тимот. Ова го изјави менаџерот Енцо Мареска пред натпреварот против Вест Хем.
Челси беше втор на табелата зад Ливерпул во декември по серија од пет последователни победи, но „сините“ паднаа на шестото место по само една победа во последните седум натпревари. Во овој период, многу играчи беа поврзувани со Челси, вклучувајќи го и дефанзивецот Аксел Дисаси и напаѓачите Кристофер Нкунку и Жоао Феликс.
На прашањето дали тоа влијае негативно на тимот, Мареска одговори: „100%. 100% според мене. Не само на нас, туку на сите, бидејќи на крајот и фудбалерите се луѓе. Дури и ако се однесуваат како професионалци и се обидуваат да се фокусираат на нивниот настап, станува многу тешко во вакви услови“.
Челси е домаќин на 14-топласираниот Вест Хем во понеделник, кога поранешниот менаџер на „сините“ Греам Потер се враќа на „Стемфорд Бриџ“ за прв пат по неговото заминување во 2023 година.
Мареска рече дека Потер ги трансформирал „чеканите“ за краток временски период.
-Тие се многу агресивни. Ги гледав првите четири натпревари на Греам во тимот и знам дека тоа доаѓа од него. Тоа е неговиот стил, тоа го видов на нивниот натпревар против Астон Вила. Ќе биде многу тешко, но имаме два дена да се подготвиме тактички“, рече уште Мареска