Марез: Сега е време Манчестер сити да ја освои Лигата на шампионите
![](https://libertas.mk/wp-content/uploads/2020/05/marez-sega-e-vreme-manchester-siti-da-a-osvoi-ligata-na-shampionite.jpg)
Напаѓачот на Манчестер сити, Ријад Марез, ги сподели своите очекувања за настапите во Лигата на шампиони оваа сезона.
– Мислам дека е време Манчестер сити да ја освои Лигата на шампионите. Имаме силен тим и одличен тренер, имаме се за да победиме. Не знам дали сме најдобри, но сигурен сум дека сме доволно добри за да го освоиме трофејот. Лигата на шампионите е тешка, сите сакаат да победат, па затоа ни претстои сериозна битка, изјави Марез.
Во првиот натпревар од осминафиналето на елитното фудбалско натпреварување, Манчестер сити го совлада Реал Мадрид (2:1) на гостински терен.
Турнирот подоцна беше прекинат поради пандемијата на коронавирус.