Маргарита Милошеска до лидерите на партиите: Ќе дојдете ли во среда заедно во парк, за децата со посебни потреби и нивните семејства?

Маргарита Маги Милошеска, мајка на девојче со попреченост и активист за правата на родителите на деца со попреченост, упати јавен повик до лидерите на сите политички партии во земјава, да се потпишат на документ со кој се нуди решение на проблемите на овие лица.

-Јавно ги повикувам сите претседатели на политички партии на осми јули во пет минути до 12 часот да дојдат во Жена парк, спроти Собранието, да го потпишат документот со кој ќе се обврзат да го поддржат исполнувањето на нашите барања. Не ни требаат празни ветувања, туку потпис дека ќе се заложат за решавање на нашите проблеми. Јавно ги повикувам, а деновиве ќе им биде испратена и лична покана – вели Маги.

Под мотото „Да создадеме свет без граници” таа ја започна кампањата насочена кон децата со посебни потреби и нивните семејства. Додава дека целта и е да се сврти вниманието кон овие категории на граѓани и конечно конкретно да им се помогне и да им се олесни секојдневието.

-Бараме покачување на посебниот додаток, тргнување на возрасната граница од 26 години за остварување на одредени права, право на пензионирање на родителите на деца со попреченост на 55 години. Овие лица не смеат да живеат на маргините, мора да се делува веднаш за подобрување на нивните животи, и секако да се мисли и на нивните родители – раскажува мајката која и е позната на јавноста и од минатото, кога за „Фокус”, но и за национални телевизии раскажуваше како е да се живее со дете со попреченост и сподели детали од нивното секојдневие.

повеќе

Back to top button
Close