Маричиќ: Човековите права ќе бидат еден од главните показатели за подготвеноста на нашата земја за влез во ЕУ

Како земја преговарач и идна членка на ЕУ, мораме да продолжиме да дејствуваме во насока на зајакнување на заштитата на човековите права. Човековите права ќе бидат показател за подготвеност за членство во ЕУ. Сеопфатната заштита на човековите права преку законодавната и институционалната рамка, административните капацитети, и се разбира спроведувањето, ќе биде еден од главните показатели за подготвеноста на нашата земја за влез во ЕУ, од почеток до крај на пристапните преговори.

Нашата безрезервна посветеност на европскиот пат, водена од заедничките вредности, е најдобра потврда за нашата искрена намера секојдневно да ја подобруваме положбата на човековите права на сите граѓани, без разлика на нивните различности“, изјави Бојан Маричиќ, заменик на Претседателот на Владата за европски прашања.

Според него, Владата останува целосно посветена на унапредување на универзалните вредности на човековите права со единствена цел: градење држава во која граѓаните ќе се чувствуваат слободни, еднакви, сигурни и достоинствени!

Back to top button
Close