Маричиќ: Договорот од Преспа е симбол на храбри и прогресивни државнички политики

Договорот од Преспа е симбол на храбри и прогресивни државнички политики кои обезбедија стабилност, развој и прогрес, за нас и генерациите кои доаѓаат, напиша вечерва вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот фејбук-профил.
-Сириза и СДСМ како сестрински партии со храбри одлуки и преку солидарност, прогресивни политики и искрено пријателство го вратија духот на соработката во Југоисточна Европа и на Западен Балкан.
Подадената рака на помирување на двете држави и народи, денес значи силно силно сојузништво во НАТО, 100 отсто поддршка на нашата земја на европскиот пат и меѓусебна почит, напиша Маричиќ, кој присуствуваше на третиот Конгрес на СИРИЗА во Атина.

Back to top button
Close