Маричиќ: Имаме недвосмислено право да го користиме кодот МКД

Министерот за правда Бојан Маричиќ во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 истакна дека Северна Македонија целосно се придржува до Преспанскиот договор, според кој имаме право да го користиме кодот МКД.

-Во однос на ФФМ ситуацијата е јасна, таа е формирана како здружение на граѓани. Нема можност државата да наметне и треба да се следат меѓународните стандарди.
Во однос на кодовите, нашето името е Република Северна Македонија, но недвосмислено е нашето право да ги користиме кодовите МКД и МК. Ако не било тоа наше право, сигурно УЕФА немало да ни дозволи да го користиме тој код. Останува министрите да разговараат, но ние се држиме до Преспанскиот договор кој предвидува дека можеме да ги користиме овие кодови. Претпоставувам дека грчкиот министер ова го прави за домашната јавност, вели Маричиќ.

 

Back to top button
Close