Маричиќ од Анкара: Искуствата на Турција за дигитализација на судството за нас се од големо значење

– Главниот повод на посетата на Турција е размена на искуство во делот на едукацијата на кадрите во правосудството и дигитализацијата на судскиот систем, рече министерот за правда Бојан Маричиќ во телефонско јавување од Анкара во емисијата Утрински брифинг, каде говореше за посетата на Брисел и Анкара и дигитализацијата на судството.

– Денес ќе го посетам Генералниот директорат за информатичка технологија каде ќе имаме можност да видиме каков систем за дигитализација на судството имаат тука. Дигитализацијата кај нас ќе биде поддржана од нашите меѓународни партнери како амбасадата на САД, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Норвешката влада итн, информираше Маричиќ.

На турскиот колега, министерот за правда Ѓул, Маричиќ му го претставил планот за дигитализација на над 120 судови во земјата и истакнал дека искуствата кои ги има Турција во процесот на воведување на информатичка технологија во правосудството е од исклучително големо значење за нас.

Министерот, исто така, брифираше дека во Брисел тој порачал дека Северна Македонија ќе продолжи интензивно да ги спроведува реформите дома, но дека е потребно ЕУ да не го губи фокусот и час поскоро да создаде услови за почеток на преговорите.

Back to top button
Close