Маричиќ од Штип: ЕУ помогна во отворањето на спомен куќата на Киро Глигоров бидејќи нѐ гледа како дел од европското семјество
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на трибината „Ние сме Европа“ во Штип, кажа дека Европската Унија учествувала во изградбата и отворањето на спомен куќата на Киро Глигоров, бидејќи ја гледа земјава како дел од европското семејство.
Тој додаде дека сите алтернативи на членство во ЕУ подразбираат отселување на земјава и поради тоа мора да се бориме ниту еден човек да не се отсели и да бара пасоши од други земји. „Ништо повеќе не вредат од нас државите од нашиот регион кој се дел од ЕУ. Ништо помалку нашиот човек не вреди од луѓето во Хрватска, Бугарија и Романија. Она што ни треба е храбро и смело да се посветиме и за неколку години да ги направиме клучните реформи за да го добиеме одамна заслуженото место, членка во ЕУ“ рече Маричиќ.
Вицепремиерот додаде дека силата на волјата на Владата доаѓа од поддршката на граѓаните за овој сон за Европска Македонија, бидејќи тоа е стратешка цел која значи најдобро за нас и нашите деца.