Маричиќ: Одбележуваме 29 години членство во ОН како држава членка на НАТО и на пат кон полноправно членство во ЕУ

Пред 29 години нашата државност, посебност, нашиот идентитет и култура беа признаени и верификувани од целата меѓународна јавност, од целиот свет. Во говорот во ОН, на овој ден, во 1993 година претседателот Глигоров ги постави темелите на нашите вредности и ги зацрта нашите најважни приоритети во надворешната политика, објави на својот официјален фејсбук профил вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по повид одбележување 29 години од чланството во Севтската организација.

-Ако членството во ООН беше остварување на нашиот државнички стремеж, денес одбележуваме 29 години полноправно членство во Обединетите нации како Република Северна Македонија, како држава членка на НАТО и земја која цврсто стои на патот кон полноправно членство во ЕУ, стои во објавата на фејсбук на Маричиќ.

Поставивме пример за другите, наведува вицепремиерот, дека со дипломатија и дијалог, со разбирање и толеранција, можат да се решат најгорливите прашања и да се добијат нови пријатели и сојузници.

-Активно ја поддржуваме и развиваме регионалната соработка, во функција на мирот, стабилноста и просперитетот на сите граѓани во нашиот регион. Денес неуморно сме посветени на почетокот на преговорите со ЕУ, со кој ќе го оствариме нашиот стремеж, Северна Македонија да биде рамноправен партнер и сојузник на развиениот демократски свет, напиша вицепремиерот Маричиќ на фб профилот.

 

Back to top button
Close