Маричиќ: Партиите блиску до договор за имлементација на препораките на ОБСЕ/ОДИР во Изборниот законик, останува прашањето за изборниот модел 

– Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска изјави дека париите се блиску до договор за имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во Изборниот законик, но оти сепак останува потешкиот дел, а тоа е конечен договор за самиот изборен модел. Тој потенцираше дека за какви било промени на изборните правила, потребно е да се постигне консензус и да има согласност од релевантните политички партии, што ќе бидедобро за државата, за меѓусебната доверба, а што како препорака ни е дадена и од Венецијанската комисија.

До сега се одржаа и неколку состаноци и со претставниците на политичките партии, на кои се дебатираше за начинот и динамиката на промена на изборниот модел. Лично сум задоволен што најдовме заеднички јазик, односно сме блиску до договор за имплементација на препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Сепак, сега останува потешкиот дел, а тоа е конечен  договор за самиот изборен модел, рече Маричиќ на конференција за Изборни реформи во Северна Македонија во организација на Министерството за правда и НДИ.   

Владата, кажа тој, смета дека веќе на локалните избори членовите на општинските совети треба да се бираат преку отворени листи.  

 На овој начин граѓаните ќе имаат можност да гласаат повеќе за личност отколку за партија, што е ќе биде дополнителна вредност и мотив партиите да кандидираат луѓе со кредибилитет во општеството, односно ќе можат најсоодветно и најквалитетно да одговорат на обврските во советитеГенерално меѓу сите партии има согласност за ова, но останува предизвик да се разговара за начинот на кој градоначалниците ќе го освојуваат мандатот. Односно дали тоа ќе се направи во прв или пак треба да има и втор круг. Сметам дека со креативност и меѓусебна доверба, овој прашање може да биде надминато и на крајот сите заеднички да застанеме позади измените на Изборниот законик, рече Маричиќ.  

Министерот посочи дека ова треба да биде инклузивен процес и сите партии да бидат задоволни од евентуалниот договор и оти затоа на последниот состанок биле поканети и активно учествувале и претставниците на партиите на помалку бројните етнички заедници во земјата.   

И тие имаат свои забелешки, предлози, размислувања кои ќе бидат земени предвид во договарањето на измените на Изборниот законик, рече Маричиќ. 

Локалните избори во земјата треба да се одржат во втората половина на октомври, а претходно треба да финишира пописот на населението.  

Според ова, додаде Маричиќ, времето за договор е навистина кратко. Тој изрази надеж дека веќе на претстојните локални избори ќе се гласа со отворени советнички листи и оти верува дека македонското општество е зрело за подобрување на изборниот модел.   

Во Министерството за правда пред неколку месеци се формираше работна група за измени во Изборниот законик во која членуваат професори, интелектуалци, експерти.   

Роберт Скот Хејзелт, директор на НДИ пренесувајќи делови од истражувања презентирани на конференцијата, рече дека граѓаните често сметаат дека се заборавени од нивните избрани претстставници.   

-Веројатно еден од главните проблеми е перцепцијата дека пратениците одговараат само пред партиските лидери затоа што тие одлучуваат кој ќе се најде на изборните листи и затоа перцепцијата е дека лидерите на политичките партии се фактички парламентарна група од еден човек. За подобро да се разбере перцепцијата на оваа тема Институтот за демократија и граѓанско општество направи истражување во март оваа година. Кога беа прашни луѓето кого претставуваат претставниците во Собранието, анкетираните граѓани тврдеа дека пратениците си ги застапуваат своите лични интереси – 70 проценти, а 76 проценти велат дека ги застапуваат интересите на политичката партија, рече директорот на НДИ.  

Повикувајќи се на истражувањето, Хејзелт посочи дека главните причини за промена на изборниот модел се зголемување на квалитетот на избраните застапници во пратеничкиот дом, зголемување на нивото на лична одговорност на кандидатите и избраните претставници во Собранието, демократизација на политичките партии и намалување на улогата на лидерите на политичките партии и зголемување на улогата на гласачите. Начинот на којшто се избираат пратениците доколку се промени, може да го промени влијанието на политичките партии и на тој начин да се намали зависноста на пратениците од лидерите на политичките партии. Директорот на НДИ исто така посочи дека, врз основа на истражувањето, еден поголем број на луѓе немаат јасно разбирање за тоа што ќе значи намалувањето на изборните единици од шест на една.   

Граѓаните имаат потреба да имаат поголемо учество и влијание на изборниот процес, вели тој.   

На конференцијата беа презентирани резултати од истражвања, а учествуваа и претставнции на политички партии. 

Back to top button
Close