Маричиќ: Со Влада на ВМРО-ДПМНЕ никогаш немаше да бидеме членка на НАТО

Земјата е сега членка на НАТО – цел, која не можеше да се реализира со Владата на ВМРО-ДПМНЕ, рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во „Само вистина“. Тој додаде дека денеска Финска и Шведска го менуваат неутралниот статус и очекуваат поддршка за зачленувањето во НАТО.

Многу важно беше да бидеме членка на НАТО, од безбедната страна на границата. Тоа што претходната власт немаше волја не може да се оправда. Секоја влада треба да има цел и мисија, а ако ви е само цел да останете на власт, вие никогаш ништо нема да решите, рече Маричиќ.

Тој додаде дека времето не работело во наша полза и сме добивале полоши решенија.

Спорот со Грција можеше да се реши уште во 2008 година. Наша цел беше државата да оди напред. Во 2017 година имаше веќе подготвен Договор со Бугарија од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, но не беше потпишан. Зад целите овие процеси единствено ВМРО-ДПМНЕ и Левица дезинформираа и користеа лажни вети. За време на процесот имаше лажни вести дека нема да се признавал македонскиот јазик, а еве гледате како е потпишан Фронтекс, истакна Маричиќ.

Маричиќ кон Поповски: Свесно лажете за ЕУ, преговорите ги започнавме

Кога го слушате Поповски јасно ви е зошто ниеден милиметар немаме мрднато во евроатлантските интеграции, рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во „Само вистина“, каде дебатираше со поранешниот министер за надворешни работи Никола Поповски.

-Да манипулирате дека не сме почнале преговори не доликува, особено кога сте во фелата. Чешкиот министер за надворешни работи ги кажа зборовите „почнувате преговори“. Владите на ВМРО-ДПМНЕ единствено донесоа заробена држава, што стоеше во Извештај на Европската комисијата. Немојте да мислите дека луѓето заборавиле, рече Маричиќ.

Според вицепремиерот Маричиќ во времето на ВМРО-ДПМНЕ имало најголем застој во историјата.

-Свесно лажете, не е коректно да кажете дека не сме почнале преговорите. Манипулирате, кажа Маричиќ.

Back to top button
Close