Маричиќ: Со заштитата на македонското културно наследство ги чуваме идентитетот и нашите вредности

– Со заштитата на македонското културно наследство ги чуваме идентитетот и нашите вредности, како дел од мозаичната слика на глобално ниво, низ призмата на културно идентитетска препознатливост, објави вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на неговиот официјален фејсбук профил.

– Денес на Светскиот ден за заштита на културно наследство, наша обврска и должност е да се потсетиме на она што е наш генерациски аманет, што задира во нашите корени и го дефинира нашето постоење, а тоа е чувањето и негувањето на културното наследство кое го имаме во нашата земја. Нашето време го дефинираат глобални предизвици, меѓу кои климатските промени претставуваат сериозна закана за зачувувањето на културното наследство и тоа не само кај нас туку во целиот свет. Според податоците на УНЕСКО, во еден од три природни локалитети и еден од шест локалитети кои се вбројуваат во културно наследство во моментов се загрозени од климатските промени, се наведува во објавата на Маричиќ.
Не сме имуни ниту ние како земја од природни непогоди, последици од климатските промени, кои, како што наведува тој, директно се закануваат да оштетат и дел од националното културно наследство.

-Од таа причина не само Владата, туку сите, како индивидуи имаме обврска да се грижиме за животната средина и за природата и да придонесеме во заштитата и одржувањето на природното и културното наследство со кои е исклучително богата нашата земја. Ја унапредуваме соработката и градиме партнерства со нашите соседи, заеднички чувајќи ги нашите културни богатства, искористувајќи ја поддршката од ЕУ средства, преку ИПА фондовите, посочува вицепремиерот Маричиќ.

Културната рута – по стапките на Мајка Тереза, додава тој, е проект реализиран во рамки на Програмата за прекугранична соработка на Косово и Република Северна Македонија, со цел превентивна заштита и тековно одржување на партерот и манастирските ѕидови на Манастирот Свети Пантелејмон во Нерези.
-Манастирот е еден од најубавите средновековни споменици на културата, со фрескоживопис кој спаѓа во редот на највредните дела на византиското црковно сликарство и кој се смета за предвесник на ренесансната уметност. Повеќе од осум века манастирските порти се отворени за секого: за добронамерни патници кои бараат духовен мир, но и за туристи и уметници, кои сакаат да ја воспримаат историјата преку ова уметничко ремек – дело, кое како да е дел од вечноста, наведува Маричиќ.
Вкупната вредност на овој проект изнесува 348.285 евра, од кои ЕУ средства се 294,078 евра

Back to top button
Close