Маричиќ: Судот е независен, но должен е да објасни зошто го пушта Мијалков
-Одлуката на Апелациониот суд во Скопје да го пушти од притвор Сашо Мијалков ја намалуваат и онака разнишаната доверба на граѓаните во судовите.
Потсетувам дека Мијалков беше лице под реален ризик за бегство и повод за настани кои ја вознемирија целата македонска јавност.
Судиите на Апелациониот суд во Скопје Ѓоко Ристов и Енвер Беџети кои ја донесоа оваа одлука треба да и објаснат на јавноста на кој основ ја донеле ваквата одлуката и на кој начин ќе ја преземат одговорноста доколку се случи повторно ризик од бегство.
Судот иако е независен должен е јавно да ги објаснува своите одлуки за да можат граѓаните да веруваат во судството – напиша на фејсбук министерот за правда, Бојан Маричиќ.