Маричиќ: ВМРО-ДПМНЕ се плаши од резултатот на изборите, затоа не гласа за техничката влада

„Сакаат да стават дамка на изборите, затоа што се плашат од нивните резултати. екогаш кога ќе почувствуваат дека ќе ги изгубат изборите тие го прават тоа. Зашто ако сите анкети според нив или сите нивни анкети кажуваат дека се во голема предност зашто е тогаш проблем да ја составиме таа техничка Влада, да гласаат за неа како што гласаа пред 4 години и да излеземе на изборите секој со својот концепт“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека граѓаните после тоа ќе оценат подобро, дали концептот на европскиот фронт или концептот на ВМРО-ДПМНЕ за изолација е подобар.

„Ставањето дамка на изборите значи повторно враќање на државата години и години наназад и затоа е добро да има техничка влада“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека од кога постои техничката влада никој не ги довел под прашање парламентарните избори.

Back to top button
Close