Маричиќ за Ленче Ристоска: Не е ни прв, а ни последен конкурс на кој се бираат обвинители

„Не е коректно министерот да навлегува во постапката на изборот ниту пак да коментира конкретно кој бил избран, а кој не“, вели првиот човек на правда, Бојан Маричиќ во телефонска изјава за ТВ21 околу одлуката за Ленче Ристоска да не биде избрана за виш обвинител.

Според него, тоа е исклучителна проценка на Советот на јавни обвинители. Сепак, Маричиќ вели дека ќе има други конкурси и огласи, па Ленче Ристовска ќе може да конкурира.

„Мислам дека не е спорно дека таа е квалитетен обвинител, тоа го покажала на дело. Впрочем, владата во договор со обвинителството ја предложи за претстваник во Евроџаст, тоа е европската мрежа за судско обвинителстка соработка во Хаг, каде што таа ја претставува државата. Мислам дека со самото тоа веќе сме го кажале мислењето“, вели Маричиќ.

Маричиќ смета дека Советот на обвинители имаат начин и критериуми по кој што ценат кој обвинители треба да бидат избрани, а Владата во тој дел нема право и не треба да коментира.

„Треба да се има предвид дека ова е само еден круг на избор, јас сум сигурен дека во иднина ќе има и други избори на јавни обвинители на различни нивоа, така што секој добар и квалитетен обвинител кој што има што да покаже може да се надева и да конкурира да биде избран и во иднина. Така што ова не е ни прв ни посоледен конкурс или оглас на кој што се бираат обвинители“, потенцира министерот за правда во изјава за ТВ21

Back to top button
Close