„Marigold Box“ од Италија со Нирвана трибјут концерт во Лабораториум
Бендот „Marigold Box“ од Бергамо, Италија, вечерва во Лабораториум во Скопје ќе одржи трибјут концерт на групата Нирвана со почеток во 20:30 часот.
Како што соопштуваат од „Андерфест“, трибјут бендот „Marigold Box“ се смета за меѓу најдобрите Nirvana трибјут бендови во цела Европа, а во 2025 година ќе свират на најважниот трибјут фестивал во цела Германија – Thunder Rail Festival, како и во познати клубови во Швајцарија, Србија, Италија.