Марк Руте среде криза в среда во Скопје

Холандскиот премиер, Марк Руте, задутре доаѓа во посета на Северна Македонија. Ова е прва посета на премиер на Холандија на земјава во историјата на дипломатските односи меѓу Хаг и Скопје.

Руте пристигнува во период на длабока политичка криза, ден пред гласањето доверба на владата што денеска го иницираше опозицијата поддржана од Беса. Според информациите на „360 степени“, токму поради турбуленциите на политичката сцена, агендата на холандскиот премиер се прецизира во последен момент.

Во однос на прашањето за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, Холандија се смета за држава која се залага за „строг, но фер пристап“, инсистирајќи пред се на владеење на правото и борба против криминалот и корупцијата.

Последната изјава на Руте за земјава беше дадена на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брдо, Словенија, кога се заложи за што побрзо отворање на пристапниот процес.

 

„Ќе треба да почекаме на изборите во Бугарија. Не сум среќен со фактот што пристапните преговори со Северна Македонија сè уште се блокирани. Сметам дека тие треба да се деблокираат што е можно побрзо. Знаме и се надеваме дека тоа веројатно ќе се случи по изборите во Бугарија и ќе се обидеме да направиме сè што можеме за тоа да се случи“,изјави Руте во Брдо минатиот месец.

Back to top button
Close